Состојки
- 200 мл. вода
- 250 грама шеќер
- 100 грама маргарин
- 11 лажици гриз
- 2 пакувања ванилин шеќер
- 250 грама кокос
Ќе ви требаат и:
- Прехранбени бои по желба
- Кокос за валкање на колачите
- Ленено семе и цели каранфилчиња за декорација
За подготовка на овој рецепт користиме Делимано Сад за сос.
Подготовка
Чекор 1: На тивок оган ставете ги водата, шеќерот и маргаринот додека зовријат.
Промешајте ги кокосот, гризот и ванилиниот шеќер во сад. Потоа додадете ги во зовриената течност. Убаво измешајте за да добиете рамномерна смеса.
Чекор 2: Смесата ја делиме на 4 дела, од кои едниот го оставаме бел, а во другите ставаме жолта, зелена и црвена боја.
Оставете убаво да се изладат, за да може да ги обликувате.
Чекор 3: Од белиот дел правиме топчиња кои ги валкаме во кокос.
Од црвениот и зелениот дел правиме мали лубеници, па ставаме ленено семе за комплетен изглед.
Од жолтиот дел со малку зелена смеса правиме круши, а каранфилчињата ги користиме како дршки.
Потоа правиме праски од жолта и црвена смеса, и ги валкаме во кокос. Црвени јаболчиња... а понатаму оставаме на вашата фантазија.
Чекор 4: Колачињата директно редете ги на чинија за сервирање кога ќе ги правите. Потоа оставете ги во фрижидер за убаво да се изладат и стегнат, па сервирајте!
СОВЕТ: Смесата за овие колачи треба да се излади за да може да работите со неа. Тоа е мека смеса, па се работи без многу сила. Сепак, ако ви е премногу меко за работа, додајте уште малку кокос!