Состојки
За колачот ќе ви треба:
- 175 грама шеќер
- 175 грама путер
- кора од еден портокал
- сок од 2 портокала
- 4 јајца
- 175 грама брашно
- две и половина лажички прашок за печиво
За филот ќе ви треба:
- 280 грама омекнат путер
- 500 грама шеќер во прав
- 2 лажици млеко
- 2 лажици сок од портокал
За подготовка на овој рецепт користиме две Делимано Округли Тави.
Подготовка
Чекор 1: Започнете го правењето на колачот со матење на путерот и шеќерот со миксер. Потоа додадете ги и другите состојки. Јајцата, брашното, кората и сокот од портокал, и убаво изматете ги.
Чекор 2: Намачкајте ги округлите силиконски калапи и подеднакво наполнете ги. Ставете ги во рерна загреана на температура од 150 степени 30 минути.
Чекор 3: Во меѓувреме направете го креместиот фил од путер – ова е извонредно богат фил карактеристичен за Англиските колачи. Изматете ги омекнатиот путер, шеќерот во прав, млекото и сокот од портокал со висока брзина. Оставете го филот да отстои во фрижидер додека да бидете спремни за финалната подготовка на колачот.
Чекор 4: Извадете ги печените колачи од рерната и оставете ги потполно да се изладат, а потоа извадете ги од калапите. Време е за финалната подготовка на колачот.
Чекор 5 Почнете со еден од колачите и врз него нанесете обилна количина фил од путер со вкус на портокал. Намачкајте го целиот колач до рабовите.
Ставете го вториот колач одозгора и повторете ја постапката со филот, но овојпат декорирајте го филот со вилушка за да добиете убава шара. За украсување користиме тенко исечкани парченца кора од портокал одозгора!
СОВЕТ: Кога се работи за ваков колач, не ви треба големо парче. Едноставно земете вилушка и полека грицкајте од колачот со шолја чај или кафе додека водите пријатен разговор со блиски пријатели. За овој рецепт слободно можете да го замените портокалот со лимон и да добиете поинаков вкус на јужно овошје.