Карфиол и брокула во Бешамел сос

Состојки

  • 1 главица карфиол
  • 1 главица брокула
  • 120 грама Чедар сирење (или кашкавал)
  • 4-5 супени лажици брашно
  • 1,5 литра млеко
  • 120 грама лебни трошки
  • 2 супени лажици Буковец

За подготовка на овој рецепт користиме Делимано лонец, Ростер тава и Длабока тава со рачки.

Подготовка

Чекор 1: Додадете ги брокулата и карфиолот во 1,5 литри млеко и откако ќе зовријат оставете ги да се варат уште 10 минути за да омекнат, да исчезне горчливиот вкус на карфиолот и млекото да ги поприми сите вкусови за сосот.

Чекор 2: Со помош на лажица решетка извадете ги брокулата и карфиолот од млекото и ставете ги во Ростер тавата. Млекото чувајте го!

Чекор 3: Запржете го путерот и брашното и потоа полека додавајте го млекото за да го подготвите бешамел сосот. На крај додадете малку Чедар сирење за сосот да се згусне и да има поубав вкус.

Чекор 4: Ставете го сосот врз зеленчукот и одозгора попрскајте со малку лебни трошки и Чедар сирење. Ние ќе додадеме и малку Буковец за да му даде пријатна лута жичка на јадењето.

Чекор 5: Печете 25-30 минути на 150 степени додека преливот да добие златна боја и да се појават меурчиња.

Чекор 6: Послужете на чинија со Француски багет и уживајте во вашиот момент на среќа!

СОВЕТ: Оваа јадење е одличен лесен ручек. Идеална опција ако сакате оброк со ниско ниво на јаглехидрати – додадете морско оревче во сосот за малку поинаков вкус.

16 декември 2013 - 07:45