Состојки
- 4 белки од јајца
- 175 грама шеќер
- 1 супена лажица мелено кафе
- 200 милилитри шлаг
- Какао во прав за декорација
За подготовка на овој рецепт користиме Делимано Сет тави за пица.
Подготовка
Чекор 1: Одделете ги белките од жолчките и матете ги додека да се згуснат и кога ќе бидете сигурни дека нема течност на дното од садот. Додадете го шеќерот во белките и повторно матете на најголема брзина за шеќерот убаво да се измеша.
На крај додадете една лажица квалитетно мелено кафе за еспресо и промешајте со лажица. Не грижете се доколку добиете ефект на мермер бидејќи навистина изгледа интересно.
Чекор 2: Во тавата ставете хартија за печење и врз неа ставете ја смесата. Печете 1 час на 140 степени. За полесно да ја одвоите Целувката од хартијата, премачкајте малку вода на дното на хартијата и таа лесно ќе се одлепи.
Чекор 3: Матете го шлагот додека да се згусне и, откако ќе го изладите, истурете го врз целувката, одозгора наросете какао во прав. Капучиното за јадење е готово!
СОВЕТ: Подготовката на Целувки е многу едноставен, но истовремено и сложен процес – сѐ ќе биде во ред доколку детално ги следите упатствата и користите сув сад за матење. Доколку имате непредвидлива рерна ќе добиете и непредвидлив резултат!