Состојки
- 1 главица карфиол со средна големина
- 4 млади кромитчиња
- 5-6 моркови
- една рака грашок
- 4 супени лажици рикота сирење
- 14 јајца
- 750 милилитри млеко
- Сол и бибер
- Маслиново масло
Подготовка
Чекор 1: Време е за сецкање: Исечкајте го зеленчукот. Прво излупете ги и исечкајте ги морковите. Нив ги сакаме на долги парчиња исечени дијагонално. Следни се младите кромитчиња, и на крај откинете парчиња од главицата карфиол.
Чекор 2: Карфиолот ќе го вариме во млеко. Тоа го извлекува горкиот вкус од карфиолот и подоцна истото млеко ќе го измешаме со јајцата. Варете на слаб оган 10 минути.
Чекор 3: Пропржете ги морковите и младите кромитчиња во маслиново масло за да ги омекнете и да ги подготвите за питата. Овде ја користиме Делимано вок тавата која е одлична за подготовка на зеленчук.
Чекор 4: Изматете 14 јајца… Да, четиринаесет. И измешајте ги со млекото од карфиолот. Проверете дали млекото е оладено затоа што не сакаме јајцата да почнат да се варат
Чекор 5: Земете ја Делимано тавата за рерна. Ставете го пропржениот зеленчук и додадете грашок. Прелијте ги со смесата од јајца и млеко и одозгора расфрлајте обилна количина рикота сирење, односно урда, и спремни сме за печење.
Чекор 6: Ставете ја тавата во рерна загреана на температура од 150 степени 25 минути или додека површината да стане тврда на допир и сигурни сте дека е добро испечена во средината.
Чекор 7: Време е за сервирање: Едноставно исечете големо парче фритата и сервирајте ја во чинија со гарнир.
СОВЕТ: Корените на фритатата се во Шпанија. Во неа можете да ставите секаков зеленчук, а во традиционалниот рецепт се користат компири и црвени пиперки. Таа е здрава, ефтина и едноставна за подготовка. Сигурно ќе стане едно од омилените семејни јадења.