Состојки
- 1 конзерва слатка пченка
- 1 конзерва црвен грав
- 150 грама обичен грав
- 2 до 3 лажици лут црвен пипер
- 250 милилитри доматна пасата
- 3 лажици доматно пире
- 1 голема главица бел кромид
- 3 до 4 чешниња лук
- сол и бибер
- маслиново масло
За подготовка на овој рецепт користиме Делимано Експрес лонец.
Подготовка
Чекор 1: Подготовката на овој рецепт е многу лесна – полесна не може да биде. Крупно исечкајте ги кромидот и лукот и ставете ги сите состојки во експрес лонецот – со додавање на обилна количина доматно пире можете да одредите колку јадењето е зачинето, а тоа дополнително ќе го згусне сосот и ќе му даде боја.
Јадењето гответе го 45 минути со регулаторот поставен на 2 и кога ќе биде готово ослободете го притисокот.
Чекор 2:Чилито го сервираме со басмати ориз. Со лажица ставете од чилито врз оризот и спремни сме за јадење!
СОВЕТ: Чилито со грав може да се сервира и самостојно како супа. Ако претпочитате помалку зачинета храна, Ви препорачуваме лутиот црвен пипер да го замените со благ бидејќи готовиот рецепт треба да биде барем малку зачинет.