Кои се најчестите митови и виситини за ласерската корекција на диоптрија
МИТ: Со ласерот се отстранува само диоптерот но не и цилиндарот
ВИСТИНА: Астигматизмот значи дека површината на окото на некои места ви е нерамномерно искривена. Со ласерската корекција на диоптрија ги решаваме и сите неправилности на рожницата, па така го отстрануваме и +-6 цилиндер (астигматизм).
МИТ: Ласерската корекција на диоптрија боли.
ВИСТИНА: Пред ласерската корекција на диоптрија се става анестетик во вид на капки. Во текот на зафатот не чувствувате никаква болка. По операцијта е можно (околу 50% од пациентите) да чувствувате пецкање и сувост на очите неколку часа. Утредента веќе немате чувство дека сте правеле операција.
MИТ : По ласерската корекција на диоптрија, диоптријата најчесто се враќа.
ВИСТИНА: За успешна ласерска корекција на диоптрија најбитен е предоперативниот преглед кој опфаќа преглед на тесна и широка зеница ( Обавезно!) . Диоптријата не се враќа. Во изборот на пациенти треба да се внимава да има стабилна диоптрија најмалку една година и да е на возраст над 18 години.
МИТ: По ласерската корекција на диоптрија повеќе никогаш нема да ви требаат очила.
ВИСТИНА: Ласерската корекција на видот ја отстранува комплетно диоптријата и вашето око по интервенцијата гледа како никогаш да не сте носеле очила. Со стареењето, се намалува способноста на окото за акомодација и кај сите луѓе се појавува потреба од носење очила за близу. По 45 – 50 година од животот и кај пациентите кои направиле ласерска корекција на диоптрија, ќе се појави истата потреба како кај нормалната популација. Оваа методата не го забрзува нити успорува тој процес.
МИТ: Ласерската корекција на диоптрија е многу ризична, од неа може да се ослепе.
ВИСТИНА: Никој не ослепел од ласерската корекција на диоптрија. Оперативниот зафат е брз, безболен, сигурен, ефикасен и траен начин за отстранување на рефрактивните аномалии. Интервенцијата се изведува со ласер кој има “eye tracker” систем кој ги регистрира и следи и најмалите движења на окото, така што ласерот не може да избруси некоја друга диоптрија или друга површина од окото освен онаа која е зададена.
Оваа интервенција ви дава можност повеќе да немате проблеми со видот, да не се нервирате бидејќи леќата ви се изгубила или наутро не можете да ги најдете очилата за вид. Таа ви овозможува да си го поедноставите животот и да гледате кристално јасно без помагала. Медицинскиот тим на „Систина Офталмологија” ви е секогаш достапен за вашите прашања и благодарение на стручноста и искуството на докторите вие сте во сигурни раце, така што веднаш ќе заборавите на стравот.
(Комерцијален текст)