Хеди е жив

Не ни е јасно во која алка од ланецот на исхраната е направена оваа дубара, само знаеме дека читател ни се пожали дека овие денови, во својот појадок открил нова димензија.

Аудио Пекторис

Чичково го пуштавме и порано па после ни пиша некој од негова фамилија, демек, тргнете го, што има да го објавувате, он е само мераклија за пеење. И, еве го пак, сега со песна за Жан Митрев?! До читателите: внимателно, песната не е за оние со слабо срце. До семејството: да ви е жив и здрав и да му забраните да качува песни на Јутјуб.