Ах, таа чудесно исчашена Македонија

Одиме да видиме дел од сајтот на еден мобилен оператор од Македонија. Не од нивниот департмент за IT, не за делот на техничка подршка, за продажни места или некоја слична стандардна услуга која ја нудат мобилни оператори во светот. Овој мобилен оператор има веб департмент за историја.

Мудијада

"Никој нема што Србинот има" е убитачното гесло на овој специфичен гастрономски фестивал во една српска вукојебина на кој се подготвуваат исклучиво специјалитети од "бели бубрези" на разни животни. Да ставиме во Типстер опклада кој македонски политичар има најмногу шанси да се појави на  домашна верзија на ваков фестивал? Одиме со фотки за сладокусци и упатства за патување:

Стварно бе луѓе, Калето?

Дечко и девојка решаваат да ја прошетаат цела Европа па прават кратки видео репортажи. Видеата им се доста површни и незанимливи: ќе отидат до пазар, ќе каснат нешто локално и ќе заклучат дека таа и таа земја има богата историја. Но, еве ги и во Скопје и имаат една добра поента за скопското Кале:

Извештај од Софија

Моменталната ситуација во Бугарија е - Орешарски е на власт, Бојко не се согласува со тоа, плус народ гневен независно од сето ова. Снимката е денешна (12.11) и е од пред излезот од бугарскиот парламент. Малку народ, ама прави многу гужва. Посебно внимание - дечкото што скока по автомобилите.