Три златни правила на дебатирање

1. Никогаш не попуштај.
2. Држи се до своето ко слеп за стап.
3. Гледај последната да е твоја.
Демонстранти: Тома Николиќ и Ненад Чанак. 

Мајка усисала Миќка

Антички стара но безвремено генијална црногорска реклама против дрогите. Имале прикладен и коректен слоган: "Не дозволете животот да ве вцица". Како тој слоган го пренеле во приказна? Директ, да пододирект не може. Тоа е тоа!

Како од САФ и Чиста околина се дојде до ова?

Име на раперот: Никлеман. Повод: има нова песна, пиаровски најавена (сосе капс лок-от) како: НОВИОТ ПРОВОКАТИВЕН СПОТ НА НИКЛЕМАН!

Крк Кардаш - каде што световите се спојуваат

На наговор на добронамерни пријатели, Крсте Роџевски конечно реши од фиока да извади една своја преработка. Ѓупска свадба, боса нова, Јени маало, корали и сончоглед, Бадев, Жобим и Сариевски...  Една преубава надреална летна мешавина избрусена од магичниот глас на Роџевски. Ако во некој паралелен универзум Борхес би се запил на Ѓавато, сабајлето со ова би се лекувал.