Музика со професорска позадина

Носталгични по емисиите во кои некој од гостите непотребно ќе станеше и на плејбек непотребно ќе запееше песна (има ли уште такви?), потсетуваме на една историска средба меѓу пејачката Јулија и професорот Венко Андоновски, кога таа неочекувано ја изгуби својата естрадна рамнотежа па замалку на Венко ќе му паднеше на папокот на светот.

Џибони леб нема да извади веќе

Најдобриот машки и женски вокал во Црна Гора. Меѓу неговата желба за пеење и способноста да го прави тоа, зјае кањонот Морача. На темата од Џибони, креативно преуредена, и во музичка и во текстуална смисла. Никчшиќкото чудо, Слобо Пјешчиќ. 

Земјата порано позната како поранешна југословенска република Македонија

Источна Албанија Јужна Србија Западна Бугарија Македонија, како што може да се заклучи од нејзиното знаме, е дел од империјална Јапонија. Нејзините жители можете да ги нарекувате источни Албанци, јужни Срби, западни Бугари, Скопјани или Вардарци, во зависност од тоа дали сакате да попиете бокс од нив.