Другари се кога се караат

Чујте (колку што можете) една вонредно залудна кавга меѓу двајца другари. Цели 18 минути безвезно курчење. Ние издржавме неколку минути, до она "немој да те рашлакам ко магаре"! Ако издржите до крај, секоја чест. Ако до крај на клипот некој некого убива, пишете ни.

Семплирана демократија

Земате еден сигурен и проверен семпл и потоа го ставате во бесконечен луп. Не е ова рецепт за правење хит, туку за нешто друго, некои нагалено го викаат парламентарна демократија. Човек речиси да помисли дека Цеца го гледала ова па тек тогаш го извадила стихот "Како ти не досади?'