Шампионите на Бијело Поље

Со голем ќеиф ве зaпознаваме со фудбалскиот клуб Е-Рома од третата црногорска лига. Препознатливи се по правење салто откако ќе се даде гол. Само што ретко даваат гол; и сезoна знае да помине а тие да не победат никого. Кога не играат за клубот, играчите главно собираат железо. Пазете сега ова: Сите се презиваат Селимовиќ, освен центарфорот кој е Ризвановиќ. А и тој е Селимовиќ само што го земал презимето од мајка му. Шам-пи-они!

Пропаганден алгоритам

Консензуален е заклучокот дека медиумите одиграа посебно срамна улога во крвавите војни во поранешна Југославија. Во подготвување на атмосферата, одржувањето на огнот, долевањето бензин на огнот... Не се тоа којзнае колку префинети пропагандни финеси и разлики. Матрицата е иста, само треба да се заменат улогите кој е агресор а кој жртва. 

Некому рудникот, некому дупката

При доделување или проширување на концесиите, нема ниту еден член во законот со кој централната власт ќе се обврзе да побара мислење од локалната - било тоа да е градоначалник или совет на одредена општина. Ова значи дека државата или некој министер, законски ќе може да ти донесе рудник пред врата, во село, на планина, покрај река – а ти ќе немаш апсолутно никаков законски основ да се жалиш на таа одлука.