Лепа и нејзината слика

ЗНМ издале соопштение во кое го спомнува нашиот медиум. Тешка статива. Дури и кога имаат предмет кој вреди внимание и не е за игнорирање, овие од ЗНМ знаат толку да утнат што нивниот резултат комплетно ги девалвира нивните намери. „Најголема услуга му ја правите на ѓаволот кога го барате на погрешно местo.“ Не чуле тие за тоа. Тие се на автопилот.

Дон Роко има нов хит

Песната на охридскиот пејач, поет, православец и патриот Роко почнува со криптирана порака „Жаде, Жаде, Рокан, мат“ (??). На почеток на спотот Роко вежба како во „Карате кид“ на стар камион а на крај пушта „вукови са Онтарија“ крик. Во меѓувреме, љубов, амбис, инсомнија.... Ќе налетате и на други пасворди како што е „Ѓурѓовден, 6 мај“(?) а ако внимателно читате, ќе ја откриете несекојдневната вистина: „Секој ден е нов ден.“

Спиеш ли мирно, ФИТР?

Смарт чучавец во ОУ „Пецо Даскалот“ во Долнени.

Лена, најмладиот бурек мајстор во Србија

Лена почнала да се плетка и да си игра со брашно и тесто на само пет години, кога почнала да прави ситно пециво. Тоа им е семејна традиција а татко и е бурекџија 30 години во Обреновац. Денес Лена има само 9 години а ги тенчи и ги врти тоа корите како вистински професионалец. На тие години, од вештините на Лена ние знаевме со чаша да притиснеме, за мајка да извади ванилици.