Отвори го прозорецот да подиши градот

Да чуете една - 20 години! - недовршена песна. Па сепак подобра, посвежа и поградска од многу песни кои денес излегуваат  - довршени. Слична судбина доживеа и градот во кој се пее. Скопје, тогаш ужасно недовршен, денес непоправливо довршен. 

Го знаете ли Чарли од Скопје?

Чарли всушност е од Африка ама (ако не е ова превара наснимана, а ни тврдат дека не е) фраерот во својот речник има повеќе македонски зборови од некои наши политичари. Ау Чарли, скопјаниште едно!

Барокот (не) лета високо

Супер скоцкана видео минијатура. Еден небитен но шармaнтен детал од аналогното фотошопирање на Скопје. Македонска олимпијска дисциплина: фрлање барок во вис.