Водици какви што немате видено

Не негде џенем туку тука, на Треска. Све е исто како на нормалните Водици, само што - не е исто. Чиста психоделија. Свири Мизар, визуелни ефекти од ПП апарат, попот е лажен а по крстот се фрла хирург, Дедо Мраз (вистинскиот) и плејада други супер расположени ликови. И после се вози свадбено украсен точак?! Сакаме и ние од тие дроги!

Смоук он д саншајн оф јор лав!

Аудио генералот Апостолски има нов мешап. Овојпат не е народњачки ама ќе им се бендиса на постари рокери. Cream vs. Deep Purple. Како ќе звучеа Крим ако го имаа Гилан за пејач. Многу махерски.