Македонски зелник на хрватска трпеза

Кулинарика е хрватски сајт популарен на просторите на екс ју (нема човек што се вртка во кујна а да нема наидено на него) а таму македонските домаќинки знаат достојно да ги бранат боите и вкусовите на нашата кујна. Освен кога, како во следниот рецепт, не го оставаат просечниот познавач на хрватско - српскиот јазик со блага вртоглавица додека мозга што ли значи упатството: "Se sucat korite se redat na stol. Posleden se suci najveci..." 

Во чест на Илија Ѓорѓевиќ

Два дела од филмот за него и пар тв репортажи за човекот кој живее близу Скопје, раат со себе и со животните кои ги чува. "- Што прават кокошките кога ќе престанат да несат јајца? - Па, одат во пензија и живеат од минатиот труд". Секоја чест.