Дојдете на промоција кај Џовани

Едноставна, животна, искрена - таква е поезијата на Јовица, на која поголемиот дел од оние што сакаат да се нарекуваат македонски поети не ѝ се ни до колената. Во неговата биографија на крајот на оваа нова книга пишува: „Сè уште живее и работи во Скопје“. Фала богу, додаваме, инаку што би правел овој град без него?

Тошо Малерот за дијаспората

Васе замина џенем за Австралија но и таму кај што луѓето стојат на глава, тој брзо се исправи на нозе (додуша едната привремено во гипс). Ете го првиот скеч, за дијаспората и нејзините секирации околу стариот крај. Ма, преубав. 

Алтана да ви каже нешто

Прилепчани не се мирисаат со битолчани, во еден град не се поднесуваат две маала, во едно маало две згради, во една зграда закрвени се два влеза, во еден влез два стана, во еден стан две фамилии, во една фамилија двајца луѓе, а и тие двајца се мразат самите себеси. Каде води тоа?

Стартуваат "Фчерашни вести"

Бранко Огњановски собра една фина екипа и започнува нов ТВ проект кој ќе оди на Телма. Малку се луѓето на кои сме спремни да им дадеме бланко поддршка. Бане К-15 е еден од нив.

Повелете Dick Major, на македонски

Сме го линкале пар пати ама можеби уште не сте го нагазиле како што треба односно како што заслужува. Се потпишува како Dick Major (говорете македонски: Кур Голем) и е еден од најрасните раскажувачи на кои можете да налетате на македонскиот нет во моментов. Пишува баш онака како што сакаме да читаме: шарено, разиграно, со фина драматика а без потење. И има нова пишанка од неговиот серијал "Сеќавања на Америка"