Чувар на плажата во шеријатскиот период

Доктор Сафет Кудузовиќ се смета за добар познавач на Исламот а популарноста ја стекнува со предавања на кои ги објаснува законите и обичаите до кои верниците треба да се придржуваат. Овојпат одговара на дилемата дали може да се оди на море. Кудузовиќ дава полна слобода за тоа и притоа потсетува на само два услова: а) да се оди само во јануари или февруари и б) да се затворат очи. Пазете, март е веќе критичен! 

Кој го тоа покраде Иван?

И во развиениот свет и во Македонија постои нешто што се вика кражба на интелектуална сопственост. На Запад под тоа најчесто се подразбира индустриска шпионажа, кражба на патенти, научни формули, лекови и слично. Кај нас Иван исцелителот алармира дека е опљачкан од астролог кој му го дрпнал неговото "видување" за убиството на српска пејачка. 

Твитер на неделен ручек

Неделен ручек на балканска фамилија. Таткото задрт и конзевативен, по маица синдикалка. Синот напреден и асексуалец, згора на тоа твитерџија и тоа влијателен. Меѓу нив Ковиљка. Недоразбирањата меѓу двата света завршуваат со семејна љубов на балкански начин: "Eве ти пари, јебо те хаштаг".