Интервјуто по кое ќе викате „отом потом“

Некои бркаат покемони, ние ова. Чујте и после пробајте, ќе видите како тоа функционира во секоја можна прилика (без разлика дали таму му е местото). Како што всушност, отом потом, е приложено во домаќинскиот и патриотски муабет со организаторот и уметничкиот директор на првиот иселенички музички фестивал во Прилеп.

Багра

Се зачитавме една долга (предолга) судска одлука на Основниот суд во Велес. Судски процеси можат многу да ви откријат за луѓето и духот на времето.

Додека вие пушите, Бугарките си свиркаат

Значи стварно, да го знаевме тој бугарскиот, све на него ќе ви пишувавме. До толку е драгоцен кога на некоја и онака урнебесна ствар ѝ дава „додадена вредност“. Ама јер сме трупови, ќе мора со копи-пејст. Насловот гласи: „15 умопомрачителни факта за свирката и жените!“ (точката 9 е рикање). Пазете, за една иста работа, ние викаме „пушење“ (хммм...) а тие викаат „свирка“ (ммм....). Сфаќате ли која разлика во „уметнички дојам“ е тоа? 

Самоук градоначалник

„Играм ора, пијам, држам говори, сè работам!“, вака со свои зборови гласи описот на работните обврски на првиот човек на српската општина Босилеград. Кога не прави ништо од тоа, оди по општината и ги љуби вработените. Репортажа за Владимир Захариев.

Офф плакат за Фолтин

Се сеќавате на текстот на Димса за концертот на Фолтин во Минхен од 2014? Oваа година Фолтин биле на истото место.