Кажи, кажи, либе Стано

Апостол (македонски: A%L) го познавате по неговите бравурозни музички мешапи. Овојпат исто ама не е исто. Мешап, ама не дигитален, туку многу аналоген, да не кажеме вроден.

Кафка да го чуе ова и пак да си умре

Да го погледнат ова видео сите кои веруваат дека на Балканот некогаш - кога било! - може да се фати концептот за правна процедура, прецизен катастар, информациска прегледност, ма што и да е! Значи вака, треба да се дели некоја стара воденица и дел од засегнатите ја објаснуваат ситуацијата и, кхм, структурата на имотот. Кој успее да разбере, му следуваат мининимум 20 драма!