Што се чита во македонскиот калифат?

Дел од месечниот извештај на агрегаторот Грид, за најпопуларни македонски статии на Фејсбук. Ви ги поцртавме тн верски содржини да видите како тие маестрално поминуваат овде. А не се ни верски туку од оние најбаналните (се пере ли денес?).

Дончо крај тунајт!

Дали знаевте дека Доналд е од тетовските села, дека Ганс енд Роузис имаат песна за него, дека и прошлата негова жена е ќерка на човек од Велмеј кој е Македонец како Шакира?

ЕПП - опиум за народ

Муабетот ми е, ако излезат сите тие на гласање, зошто јас треба да се надевам дека ќе добијам поинаква влада од овие што ги имав во последнава декада?

Локални избори

- Колку време чекате да се асфалтира улицата?
- Сè на сè, 300 години.

Словенец, ај глеј си работата

Сакајќи на хумористичен начин да си играат со стереотипите за бившите ју народи, во овој очаен обид за римејк на Топ листа надреалиста, се потврдува барем еден стереотип: дека Словенец и хумор не одат заедно.