Лопато помилуј

Кога првпат го објавиввме овој драгоцен видео документ, напишавме: Во името на лицитацијата, земјоделските алатки и светиот дух, богоудно признаваме дека ништо не ми е јасно. Освен дека летечкиот Монти Пајтон Циркус скратено и автокефално се вика МПЦ.

Далматинка во царството на ајварот

Слободанка Боба Ѓудерија најтопло ви ја препорачуваме за читање. Досега не сме ја преведувале затоа што е мерак да се чита баш во оригинал, на нејзиниот јазик, на кој е сочна, разиграна, урнебесна и поштено заебана. Кој го читал Ѓермано - нека му е лесна земја - Сењановиќ, јасно му е. Такви шмекерски ракописи на македонски јазик звучат како Бетовен отсвирен на укулеле.

Генерациски дијалог на денот

Се разбира дека е нормално младите да се понапредни и на возрасните да им замераат за некои лоши навики кои си ги тегнат со нив. Особено ако се работи за здравје, здрав живот, цигари итн. Ама па и на вториве не им се исушил мозокот од цигарите.

Книжевна препорака од Давид Бабунски

Да го објавиме овде, пред нашиве од Букбокс и Офсајд филозофски да се закараат на која рубрика поприродно ѝ припаѓа содржина чиј главен јунак е фудбалер а тема е литературата. "Фудбалер кој чита чита" можеби звучи како оксиморон ама младиот Давид Бабунски на шампионски начин го руши тој стереотип. Браво дечко.

Во името на сите оние родени во 90 и некоја

Евергринот на Балашевиќ беше некаков генерациски завет на оние родени во пеесет и некоја. Потоа се менуваше само деценијата (шеесетта, седумдесетта), но текстот остануваше ист. Толку од тоа. Родените во 90 и некоја имаат сосема, сосема поинаква порака. И таа делува многу искрено, автентично и моќно. Изведува едно 26 годишно момче од Сомбор. Старки, обратете внимание!

Перо Луковиќ за жирафата на Палма

Сосе министер и 4 илјадна публика, во Јагодина, бастионот на живописниот Палма (хинт: Бетовен), во употреба е пуштена нова - гринфилд - жирафа. Петар Луковиќ (Џубокс, Ферал, Време, Е-новине), накурчен каков што го дал Господ, не може да се изначуди што ќе се случи ако дојде слон или паун. Крешендото е сепак кај Палма кој на крајот вика: "Мислам дека денес ставаме точка на жирафата". Србија, оригинал.