Напни бе, комшија, напни

„Само јако!“ е предизборен слоган на оној српски заебант Бели. Ама, во наши маала тој слоган важи и кога се средува кола пред зграда. Па стварно, да имаш таква песна, а да не ја рокнеш?

Сол Алински: Правила за радикали

По трагите од едно видео во кое новинар на руската државна телевизија упаѓа во Менада во чаршија (драматично тврдејќи: „Само одбрани луѓе знаат за ова место“ ?!) и му паѓа во око што тоа читаат луѓето кои се собираат таму. Па книгата нè заинтересира. Малку. 

Влажните соништа на кандидатите

Бели направил спот каков што би направил секој балкански политичар, кога би бил искрен и би смеел да открие како се гледаат себеси луѓето што го гласаат. Значи спотот е сељачки и шабански, во склад со целата предизборна идеја на Прелетачевиќ да ја исмее обесмисленоста на политичката сцена. Само што не смеат политичарите така, тие мора да глумат наштиркани, замислени и сериозни. Вакви сцени си приуштуваат дури откако ќе ги изгласаат.

Кафански предизвик: погоди песна и добиваш 6.000 евра

За кафански пејач свирките се прилично рутина, пијани мажи и жени со идентични нарачки на песни кои веруваат дека се уникатно нивни, па повтори ми ја песнава, па како не ја знаеш оваа, ај уште една и сл. Рутината се разбива и тремата преовладува во моментот кога еден од гостите ќе ти изброи 6.000 евра на маса и ќе ти каже твои се ако ми ја погодиш омилената песна. Без помош, од сите можни песни, треба да ја трефнеш таа една што вреди 6 илјадарки.