Урбан Курбан

Главниот град на државата, потесното градско подрачје, 2017 година.

Битола, светски град

Така е, само што во моментов на лагер немаме потазе доказ па се враќаме во февруари 1991 (година на осамостојувањето), кога Доне Скендеров и Петар Пепи Георгиевски (тогаш Green Grass Dreams) седнуваат во студиото на Нечак и на касетофон, со ритам машина и гитара ги снимаат овие 4 песни. Пазете ја вие Македонија, како лепршаво почна а како уморна заврши.

Напната сцена на недоразбирање меѓу Балканец и Германка

Балканецот е од моделот босански гастарбајтер. Германката од моделот БМВ.

Македонска љубов на Берлинскиот ѕид

Дајте да пробаме да дешифрираме еден многу чуден детал. Во документарец на Блумберг за Русија, има сцени од уривањето на Берлинскиот ѕид. А на ѕидот, меѓу другото, нај на нашки некој напишал: ДАНИ, ТЕ САКАМ! Кој/а е Дани, што љубов било тоа, како се случил овој графит?