Ринг, вежбална, универзитет, кантар на маалскиот дух

Идадија беше ринг, вежбална за тој голем, убав и суров свет, маалски универзитет – таму се држеа лекции кои не ги учевме на училиште, а за кои интуитивно знаевме дека се пресудни за преживување: лекции за припадност, чесност, лекции за тоа како да се дочекаш на нозе доколку паднеш и како да станеш таму кадешто си паднал. Тоа беше вежбална за љубов и севда, за трампа и трговија, за шегачење и политички проценки. Идадија беше јавна трибина, берза, кантар на маалскиот дух.

Постреферендумски виц на денот

Излегла баба на гласање ама облекла преголеми чевли. Ја приметиле луѓе дека едвај оди па ја прашале кој број ѝ се кондурите:
- 47!
- Па што ќе ти се толкави бре бабо?
- За да излезам во што поголем број!