Кревет само за жени ама може и за мажи

Специјален женски кревет, дело на еден физиотерапевт од Волково. Го имал нудено во болница и плус патентирано во Виена и Скопје. Решението е така генијално што лесно може да се добие и специјален машки кревет (со малку изместена позиција на клучниот дел). Туку, чекајте кога ќе се убаци една жена, колку е тоа дражесно.

Го знаете ли Драганче?

Драганче и тоа Митрески. Што друго да кажеме освен: Евровизијо, спиеш ли мирно?

Европо, ние спремни

Каква најава да срочиш за Амди Бајрам, а да не ја опцуеш државава? Заебавајте се вие, ама човекот со децении е на власт, оттука тој лично ги има изгласано сите јавни обвинители во Македонија, сите закони по кои живееме. И сега е дел од некаква проевропска опција. Тибамдржавата.

Сега пак ќе го ребрат Грците

Тоа неговите пиар-миар служби му се да ги дигнеш на клоци. Оди човекот да гласа да го смениме името (кое ни е главен проблем што не сме Швајцарија) и со тоа да станеме први пријатели со Грција (аха, аха) а позади него - карта на „Голема Македонија“?!

Тој кога не ве убеди, никој нема да ве убеди

Безброј години после првиот Пато, време е да заклучиме дека тој не беше инцидент туку најава. Пошто баш тој профил мислители ни се намножи некако.