Честитам, грчки народе

Респект за Вас, грчки народе. По 25 години „борба“, Вие ја добивте војната. Затоа што ние се самопоразивме. Самите се победивме. Се здробивме самите себе си. Се дрецнавме од чименто. Го избришавме подот со сопствените фаци. Си дадовме автоголови. Се нокаутиравме самите себе. Си се превеславме помеѓу нас. Се поделивме како никогаш досега. Се масакрираме секојдневно. Самите се избламиравме. Направивме нешто што ниту еден народ не направил во историјата – се самоукинавме!

Зона на самракот, епизода: „Штабот мој на СДСМ“

Ако сте љубители на мистерии, Реј Бредбери, Твајлајт зон, ова екстремно ќе ве бендиса. Следната најава читајте ја една октава пониско (или како оној на Канал 5): „Лисичани, општина Пласница. Клучот е тој, Шеќеринска може да потврди дека и привезокот е тој. Но, бравата е друга?! Уверете и сами дека клучот не пасува! Што се крие и пред сè, кој стои зад оваа загадочност и скаламуција?“ 

Неуспешно Милејавление во Австралија

Позалудни 18 минути се немаат случено во историјата на православието.

За двојазичноста

Судејќи по нејзиното соопштение во врска со новиот закон за јазици, македонската влада очигледно нема идеја за билингвализмот и мултилингвалноста во други земји. Соопштението нуди листа на држави со (наводно) два или повеќе службени јазици во кои „единството на државата не е загрозено“. Но, тоа е далеку од вистината. Да поминеме низ тие случаи, еден по еден.