Македонија останува на младите

Ах кога ќе се сетиме какви млади ни заминаа од овде. И дупло ах, кога ќе видиме кој од нив останува.

Конечно!!!

Лани пишавме: „Градска болница во Скопје, центар, најцентар на главниот град, на 50 метри од законодавниот дом во државата. Пред едно десетина години, заради електрична инсталација таму се запали информаторот за градската болница. Една деценија подоцна, на истото тоа место уште стои опожарената и веќе добро оксидирана железна шклопоција“. (види: „Дека ни се брза“)