Рапорт од српските избори

Ако сте ги пропуштиле српските избори (а немаше причина да ги следите, освен пар дражесни спотови кои ги објавивме) Зоран Кесиќ ги сумира во три минути. Одлично резиме.

Карантински дневник

Невестата е подобро, повторно е спремна за расправии како Апасиев за дебати. Тоа е добар знак, се враќа во нормала.

Кучињата лаат, Дурмо си врви стотка

Не би ни да потсетуваме на трагедијата која кај Ласкарци им се случи на луѓето кои се возеа со автобус на Дурмо турс лани во февруари. 16 загинаа, преку 30 беа повредени. Мислите некому му доаѓа памет после такви настани? Еве ви еден автобус на Дурмо сега, снимен на Тетово - Гостивар, како шиба скоро стотка на место каде што ограничувањето на брзината е 80. Не на Запад, во Нигерија човек треба да побегне.