Ние ќе сме ја оправале Украина

Една кратка снимка од Тетово, снимена пред десетина дена. По фасадите уште стојат шрапнели од 2001-ва година. Јадна Украина ако чека од нас, идиоти кои и сами не можат да се оправат од својата војна, еве 20 и кусур години.

Како толку го огрубевме мајчиниот јазик?

Слушнете ги Горан и Унко (и други) во 1980 година. Не тоа што го зборуваат туку како тоа звучи и како меко паѓаат тие акценти: попитомо, поблаго и поубаво од денес. Ајде да е дел од некоја тогашна ТВ серија или филм, ќе си речеш, ова е артифициелен изговор, можеби така замислувале дека треба да звучи македонскиот. Не, ова е од нормален разговор. Луѓе, вака сме зборувале! Денес уште малку па ќе лаеме!