Српски С-300 за Стелт Срби

Види ги мајчини што се сетиле. Спакувале ракија од дуња, кајсија и крушка во згодно тровалентно пакување со пропратна приказна која ги скокотка фантазиите. Ако го испиеш сето тоа, стануваш невидлив!

Кирил Петков, премиер за пример

Бугарскиот премиер се пробива на странски медиуми, и тоа не бадијала. Има тој што да придонесе кон украинската криза и бегалскиот бран кој се прелева во Европа. Да видиме што овде му издвоиле на харвардскиот,  чија изјава се смета за репрезентативен примерок на западното лицемерие. Штета што не ги интересира друго, па се прават изненадени од тоа.

70 години пред Тито да нè измисли

Делови од една дописка објавена во бугарскиот весник „Право“ на 1 март (стар стил), 1871 г., чии редактори биле Бугарите Христо Стојанов и Иван Најденов. Покрај одвратните навреди и омаловажувања кон Македонците, сепак има признание и потврда за сведоштвото изнесено од страна на Петко Славејков во неговата статија за посебноста на Македонците од Бугарите.

Знаменитости на Белград

„Мене тоа курвањето толку ми се има осладено што не мислам уште 10 години да се тргнам од улица. А после ќе се крпам со импланти“, вели Мерлинка, една од двете присутни транџи и камењарки (Санела е помолчалива но и поскапа). Држи 200 метра кај автобуската во Белград, се прибира дома околу 10 навечер за да гледа серии на Пинк. Права дива, без зрно иронија! Чујте ѝ ја приказната за муштеријата без нозе!