Коста Бургов ви помага да се снајдете во 2022

Новата година е позната по скијачки скокови, виенски концерт и календар на Коста Бургов. 2022 година може да почне, новиот календар на Коста нема ниту една материјална грешка а визуелно е пребогат со неговите дружења со Јованка, Силвана Арменулиќ, Том Круз, Пол Њумен и други ликови од кои Коста ја црпи инспирацијата и добрината во животот кој го нема баш галено.

Јавување во живо на Зоне Замфирова

Дописничка на РТС од Врање се јавува и дава новогодишен извештај на свој јазик, тоест на јазик кој попрво ќе го разберат кумановци отколку белграѓани. Прешармантно.

Каде е Алек?

Па нема само западњаци да нè изненадуваат со својата креативност (за добро или лошо), имаме и ние луцидно смислени реклами кои, во визуелна смисла, на Вес Андерсон можат лиги да му направат. Саспенсот се врти околу мистериозното исчезнување на главниот лик кој (спојлер алерт!) сепак ќе се појави и ќе изговори реплика рамна на „Роузбад“ кај Орсон Велс. Реклама? Рекламиште!

Во денешните Бугари преовладува генот на Аспарух

ДНК од 900 етнички Бугари од цела држава била споредувана со генетски материјал стар три и повеќе илјади години. Ангел Глбов од БАН и Десислава Нешева од катедра за генетика велат: Бугарите се древни и немаат многу (генетска) врска со Словените. „Македоните, Илирите и Грците доаѓаат подоцна,“ ќе каже академикот. Македонска галантност: Ок, од Аспарух сте.