Од сведоците, за кучето дознаваме дека „опашот му висеше надолу, толку беше големо“ (за оригиналот се мисли) како и дека на штипските гробишта има толку храна во изобилие што на прехрамбен аџилак доаѓаат и кучиња од други места.
Упатуваме братска критика до синот кој со зборовите „Ај јас маж сум, нека ме изеде“ покажа особена загриженост за децата и жените. Како бе така, друже, маж сум, нека ме изеде?? Заради вакви ние последни излегуваме од Титаник!
Од надлежните очекуван одговор - не се надлежни. Енигма останува само кој онака остава ѓеврек на стомна.