Има зошто го кријат протоколот

Еве го протоколот што го кријат. Целиот е насочен кон обврски што ги презема само Македонија. Ако се потпише, луѓе ќе бидат гонети во Македонија по списоци изготвени во Бугарија. Ќе се променат таблите на Охридската тврдина за Цар Самуил, и има рокови до кога мора да се променат македонските учебници.

Памтите ме по клупама мојим

Бањалучкиот градоначалник почна јако, со најави дека ќе ја раскринка мафијата во некогашниот бастион на Додик. Еве го сега истиот тој, со ПР видевце дека ставиле клупа на гробишта. Не дека не треба да се стави клупа, ами дека е глупо со тоа да се фали градоначалник. п.с. ако видеото ви е смешно, смејте се потивко, да не ја разбудите Данела.

Дрогата ме смее рано насабајле

Не е финта само да земеш дрога. Финта е да земеш дрога уште рано посабајле и ако си во некоја убава балканска земја како Србија, да отидеш во утринска програма на телевизија и да ја споделиш техниката. Што би рекле самите Срби, благо оном ко рано полуди, њему живот у весељу проѓе.

Слободно нека се види дека сте едно скалило над нас

Читам по нетов дека голем дел од социјалдемократите не се согласувале со француско-бугарската рамка. И тие сакале да протестираат, ама не сакале со Левица, ВМРО и небањатиот народ. Не им се допаѓала и иконографијата.

Кадровските принципи на Палма

Точно е дека не постојат погрешни прекари, но за некои луѓе има и попрецизни решенија. Еве, градоначалникот на Јагодина, Драган Марковиќ, го викаат Палма, а слободно можеле да го наречат Стока.

Фрчко е со народот!

Може има водоводџии па се мафта со нив (во Њујорк да не ти влезе водоводџија дома) ама кај и да е, човекот треба да се очекува да застане во првите редови на актуелните протести против мизерното коленичење пред Бугарија. Слушнете ги овие негови златни, вонвременски зборови.

Просто е нереално со што се занимаваме

Од утрово, а не па од дедо и прадедо, да се идентификувам со одредена нација, никој нема право да ми ревидира припадност, јазик, држава и историја.

За процедурите и размазеното обвинителство

Кога судот конечно ќе се одважи и ќе тресне со раката на маса дека ова повеќе нема да го толерира? Кога јавно и директно ќе го погледне обвинителството во очи и ќе му рече: Вака не може, вака не се работи! Одете сработите како што треба, па дојдете пак со докази!