Средба со уфрлените

Токму тоа го сакаат, да ескалира ситуација за да можат да ни пуштат топови, пендреци и да тргнат на нас. Но не ми паѓајте драги мои, 50.000 нè има секој ден, 50.000 искрени граѓани кои плачат на химната од болка, без политички партии, без политички позадини да донесеме некого на власт туку да падне актуелната која планира да го прифати францускиот предлог и да нè осакати за век и веков.

Владата почна да го храни народот

Нарачајте храна во Влада, бадијала е. Фотељашите имаат кафе за само 6 денари, тост за 40 денари а рамстек за 180 денари. Примаат нарачки, само со испораката треба некако да се снајдете. Најдобро е ако сте им во близина, одма тука пред нив, секој ден. Телефонот е 02 3118-022 (локал: бифе). Слободно кажете, зборено е со шефот.  

Првото доаѓање на администраторите

Сцена од епизодата „Кукавицата кука Хитлер да испука“ од драгоцената ТВ серија „Досие Скопје“. Имате што се сонувало во бугарскиот парламент, имате снимки од нивното курчење овде, имате живи сведоци на тоа време, што сакате бе повеќе? Ако некој е спремен Стево, Колозова и слични организми да го преебат уште еднаш како кога ни го сменија името, тогаш заслужил до крајот на животот да одживува реприза.

Предлог за името

Апасиев го нарекол Пендаровски "вошка". Пендаровски вели дека не му се допаѓа тоа. Апасиев одбива да се извини и продолжува да го нарекувa "вошка". Како објективен човек сакам да дадам предлог.

Македонскиот дел од пеколот

Задолжителна филмска лектира за фашисти, колаборационисти и обикновени предавнички педерасти. Сцена од филмот „Македонскиот дел од пеколот“ од 1971 година (сценарио Славко Јаневски, режија Ватрослав Мимица), со брилијантниот Павле Вујисиќ. Реплики кои би требало да бидат дел од официјалните дипломатски дописи до Софија.  

Собрани недела на Стево

Нема потреба да се навредува Стево. Тој човек не може да биде навреден колку што тој нас нè има навредено. Од името кое им го дадовме на Грците, до презимето (татковото име) кое Стево е подготвен да им го даде на Бугарите. Човекот не е вошка, човекот е Стево.