Има кај Србите една водителка по утрински емисии, мавната начисто, самоуверен егзибиционист со амбиции да стане светски позната како Џенифер Лопез и еден ден да се кандидира за претседателка на Србија, што добар дел гледачи го доживуваат како закана па си викаат „дај нека бомбардираат оние уште еднаш.“ Јована Јеремиќ. Немаме ние таква. Сè уште.