Фушерај. Превод. Гугл.

На градежна парцела кај висококатнивите на Јужен булевар. Како земаат милиони евра за градежни договори а немаат пари да ангажираат нормален преведувач?

Згембо најубаво ни ја објасни ЕУ

Уште пред 30-тина години, професорот Згембо Андислиќ ко на првачиња ни ги објасни основните постулати на ЕУ, политиката на санкции и слично. После него, стотици луѓе од Европа доаѓаа за да ни ги дообјаснат работите па сепак, ништо од тоа нивното не испадна нешто појасно од ова на Згембо. 

Што ќе правевме ние без овие вистиномерци?

САД во Македонија имаат истурено 67 милиони долари за спречување странско (руско) влијание и борба против подмолни дезинформации и лажни вести.