Српскиот цајтгајст

Шпанија и Баскија ја имаат Герника на Пабло Пикасо, која го доловува ужасот на бомбардирањето на Луфтвафе. Азра ја има „Полска во моето срце“ како химна за тамошното слободарско мрдање во доцниот социјализам. Сега е ново време кое носи нов дух, со свои ужаси и предизвици. Ете, и тоа е сега опеано, согласно надежите на српскиот сточар.

Овде ќе чуете првпат за

Знаете како Цацко раскажува филмови, така? Знаете и како раскажуваат оние легендaрни наратори како Морган Фримен или Дејвид Атенбороу. Но, сакаме да знаете и како тоа звучи кај Вујса, во неговото крајно лабаво царство. Тој воопшто не е како другите. Кај него приказните се сосема.

Дуци е цар. Точка.

Дечкото го знаете од Фчерашни каде што во целата таа креативна екипа, тој беше МВП. Вонсериски талентиран, сега нашол еден сосема поинаков формат, ама кога те бива, те бива. Урнебесен е и ја прави моментално најсвежата мк содржина на интернет. Пократко кажано, рикаме ко магарици.