Трендо, ти ја пишувам оваа порака во неверување дека во 21 век ова на сликата подоле е наша реалност. Ова е матична служба во Ѓорче Петров пред 2 дена. Луѓето чекаат надвор да си завршат работа, а “шалтер” се тоа решетките.
Секаде е заклучено, нема никаде никого, мора да чекаш на ископан тротоар, и да се надеваш дека некој, од позади решетките ќе ти се обрати.
Бараката е распадната, искршени прозорци и целата исчкртана со “графити”... Многу, многу разочарувачки и едноставно неверојатно дека вакво нешто навистина постои и се случува. Немам зборови како да се изразам...
Софи
**********