Парадоксите на денешна Македонија

Отишол во Театар Комедија, слатко да се изнасмее на човечките глупости.

Нива за хидроцентрала

Ова е најелаборираниот оглас кој сме го виделе во животот (имаме уште неколку на лагер, ама овој е нај). Околу цената (101.000 евра) нема попуштање, а понудата важи само до Божиќ. Нивата е идеална не за една туку за две хидроцентрали и тоа со потисок. Таман кога ќе го разгледате капацитетот и мегаватите и мислите дека сте разбрале, доаѓате до - костените!

Поглупо нешто одамна немаме чуено

Не тврдиме дека нема поглупо. Само ние не сме чуле. А небулоза до небулоза: толку поскапува сè што оној на миналец не може веќе да биде ин (?), човек мора слепо да оди во компании кадешто ќе му дадат поголема плата (да, а?), светско зло, мрежа на идеал... Девојката треба да направи стенограм од оваа нејзина блесава логореја и за казна, сама да проба да ја сфати.