Разно

Маја форевер

Збирка делови од колумни посветени на Маја Синадиновска, од книгата Трендоленд.

Живот со болка

Доаѓа Д денот. Од провинцијата каде живееш седнуваш на автобус за Скопје. Некако доаѓаш до болницата. Го подаваш упатот на шалтер. Те известуваат дека не е исправен бидејќи докторот допишал нешто со пенкало. Работникот се правда дека не смее да прими таков упат, ќе го казнеле. Ти ги враќаат документите со совет да појдеш повторно кај лекарот ортопед. Се враќаш од Скопје со испразнет џеб и болки во грбот.

Како вчера да се родив

Видео најава за аматерскиот филм изработен во рамки на работилница за толеранција, организирана од Институтот за етнологија и антропологија со средношколци од повеќе средни училишта во Македонија, во соработка со Црвениот крст на град Скопје. Филмот е посветен на старите лица и на волонтерите кои им помагаат во домашни услови.

Плоштад "Тато е гангстер"

За некои е "Македонија", за некои "2014", за некои "Слобода" a на раперката Кола Де, скопскиот плоштад и заличил на идеална сценографија за спот на својата - мошне глупа - песна "Daddy is a Gangster", во која покрај неа се појавува и еден молчалив цреп кој ѝ бил брат. Естетиката на спотот врвна, БТР насока.

Деца, да му верувате на чичко Перо

"Многумина од моите пријатели страсно навиваа за мене од трибините на цел глас. Но, многумина од нив станаа и страсни пушачи. Додека јас одев на тренинзи тие често се запиваа во некој ноќен клуб...."

Хасап оф а даун

"Не можиш да знајш шо јајш по сендвичарите, некни ми се отруја другарите". Во тој дух оди овој македонски кавер на System of a Down.

Запознајте се со Даниел Смилков

За него и неговата апликација пишуваа ABC, Boston Globe, NBC и десетици други релевантни сајтови кои следат технологии. Редно е и дома да го знаеме дека дечкото не бадијалџи. 

Македонија одбива да умре

Великоумни мозгања на тема Македонија не ни се најомилени. Овојпат сепак објавуваме еден разумен памфлет со прилично нови решенија (да речеме, грчките Македонци еден убав ден контаат дека се браќа со нас а не со тоа Грците). Плус, на @rnixn e, а ние него сме го трпеле и повеќе кога серел. Ајмо Никсон, да чуеме.

Thursday (Милчо Манчевски)

Може тој така не го сфаќа, ама нам ни личи на најдобрата критика за сите интернет jунаци. Посветено на сите Фејсбук првоборци и ретвит херои.

Васо је мало нервозан

Видеово е непријатно од а до ш ама дава увид како доаѓа до оние случаи од црна хроника на кои единствениот коментар ни е: "Како е бе можно?" Ете, лесно било можно. Само треба да се спојат една нервоза, една секира и неколку чекори одвишок. Ало, некоја институција? 

Заев игра на сигурно

Покрај бескрајните колони хејтања и други срања, чат-пат од тоа Фејсбукот знае да излезе некоја гачка која ќе освежи.

А бре попе, караоке

Сите знаете дека на овој Илинден Аца Лукас беше во Охрид а Јоксимовиќ во Дојран, но на само малкумина посветени им е достапна тајната дека на големиот православен празник, од еден македонски манастир се ширеше гласот на пресвета Северина.

Аудио Пекторис

Чичково го пуштавме и порано па после ни пиша некој од негова фамилија, демек, тргнете го, што има да го објавувате, он е само мераклија за пеење. И, еве го пак, сега со песна за Жан Митрев?! До читателите: внимателно, песната не е за оние со слабо срце. До семејството: да ви е жив и здрав и да му забраните да качува песни на Јутјуб.