На наговор на добронамерни пријатели, Крсте Роџевски конечно реши од фиока да извади една своја преработка. Ѓупска свадба, боса нова, Јени маало, корали и сончоглед, Бадев, Жобим и Сариевски... Една преубава надреална летна мешавина избрусена од магичниот глас на Роџевски. Ако во некој паралелен универзум Борхес би се запил на Ѓавато, сабајлето со ова би се лекувал.