Разно

Среќното приземјување на Елизабета

Таа се охрабрува да лета со параглајдер. Тој се охрабрува да ја дочека на слетување. Се викаат Елизабета Шишкоска и Дамир Бошњак. Им посакуваме никогаш да не се покајат што вака се приземјиле.

Кружниот тек на локалните власти

Наш дечко видел паднат сообраќаен знак во Центар па решил да ѝ пише на општината за да ги извести за тоа. Тие го препратиле кај Градот. Погодувате како се заокружила приказната, нели?

Само да е на арно волку смеење

За неговата светска офф промоција (види: Глупи муабети, indeed) пишавме дека негова главна особина е што својот стендап го прави седнат. Во меѓувреме, се откажал од седење па неговите нови дела се, хмм, разиграни. За среќа, Марјан успеал да не изгуби ни грам од својата некогашна урнебесност и маестрална егзекуција на своите досетки. Пошто и да ги знаете овие финти, нема да можете да ги кажете како него. Погледнете ги овие три видео афоризми и ви гарантираме дека после тоа, сè, ама сè, ќе ви биде посмешно.

Триумфалната беше побрза

1. Имаш градски проблем, го пријавуваш на сајт и предлагаш просто решение. 2. Гледаш дека некој паметен тоа го прочитал и го искористил. 3. Се радуваш. 4. Ти текнува да пресметаш колку време поминало.

Во чест на двајцата цареви

Жаре еден на еден, на времето се зезаше со коментирањето на Игор Трпески па овој после демек се налути по што моравме да ja предупредиме и поширата јавност на неговиот секс потенцијал (види тука). Овојпат, тема се Панчев и Калински, најзабавниот коментаторски двоец кој досега го имала Македонија. Ајмо Жаре.

Иван Документарниот

Пољаци снимале документарец за македонското чудо наречено Иван Исцелитетот. Според математиките на самиот Исцелител, филмот веќе го виделе 3 милијарди луѓе а се очекува да го видат уште две милијарди. Значи вкупно пет милијарди луѓе. Греота да не сте меѓу нив,

Донка, Дуке и Крсте

Значи вака. Донка е една од оние девојки кои никогаш не сме ги запознале. Знаеме за неа, сме чуле за неа стотици пати.... Ама, таа е од оние за кои би слушале уште еднаш. За среќа, имаме двајца бесценети пријатели кои се спремни приказната за неа да ни ја раскажат одново. Се викаат Дуке и Крсте. Таа е Донка. Другите се RazBoy. Инџој.

Бурек со тендер

Ако сте пациент на нефрологија во Струга, треба да знаете дека бурекот што ви го даваат сабајле е најпоштено набавен. И дека јадете од најефтиниот. Другото, здравје. п.с. ако сакате со спанаќ, ќе треба да чекате друг тендер.

ВТФ текст на денот

Во некоја глупа констелација, наивен човек може да се фати себе си како со друштвото на маса синхронизирано се клати на оваа стара песна. Сè дур не сконта за што се пее. Па ќе чека до крај на песната некој клуч за разбирање, некоја шема. И нема да дочека. Едноставно, преглупа песна и тоа ти е. Заклучок, може да стане андерграунд хит.

Џабе се пакувавте

"Дома си е дома" од Тајзи (музика Јован Јованов) е првата објавена песна од оние што добија државни субвенции. "Најлесно пасош у рука, и фаќаш магла од тука, наместо држава своја, градиме држава туѓа, а јас имам баш добро планче..." се стиховите кои го отвораат овој анти - гастарбајтерски хит кој подоцна  се развива во заразен оптимизам кој ќе ви разбуди желба да ве милува некоја рандом Македонка. Јер Адриана Лима не би знаела ко неа. Све тоа фино, само ни е криво што според ова, Александар Македонски никад не би добил субвенција.

Имате ли докази дека сте живееле во 80-тите?

Ако да, тогаш вистинскиот човек за доставување на доказите е Саша Сале Павловиќ Павлака Фрешко екс Фрешко.

Леон Пинк и скопските куклички

Ќе ве мавнеме јако, со еден музички флеш бек од македонска продукција. Каде ли се, што прават овие ликови? Нè читаат ли, се радувааат ли кога ќе се потсетат на себе во најдобрите времиња на вилоетовата боја? Не се заебавајте, барем не беа субвенционирани.

Екстремно тестирање: Џесика

Пред тековните реформи во високото образование, надлежното министерство и автономијата на Универзитетот се испречува неочекуван а гигантски предизвик. Се вика Џесика.

Субвенција си бескрајно

Два скриншота од објавениот конкурс за субвенционирање музика. Еден од одбиените, еден од прифатените. Најдете ја разликата.

Револуционерна донација

Ќе ви ја раскажеме приказната ферски ама мислиме дека на крај сепак ќе испадне дека бараат пари за свадба.

Кога Бајрам се жени

Вие правете си бајрам на паметот ама Амди знае како се слави животот. Дошло време да жени еден од внуците, и имаме слика од подготовка на малата веселба на политичкиот лидер на Ромите и вонвременски партнер на секоја македонска коалиција на власт. Деценија на Ромите, индид.

Црногорски плакат за помош на Србија

Денес прескокни кафе. Вечер кладилница. Утре бурек. Ним им значи.

Љубовната приказна на Емилија и Бојан

Некои нови ветришта дуваат во жанрот "свадбени видеа". Ова е приказната за Емилија и Бојан кои се среќаваат во салон за виљушкари (на Холивуд ова не би му текнало) каде што таа работи а тој се прави заинтересиран да си купи нешто. Хемијата е тука, виљушкарите се тука, а за среќа, по првата разделба, Емилија се затрчува да го стигне Бојан за да му даде - флаер. Хмм.

Блаже ги има парите за Тибет!

Ние мислевме се зеза а тој уплатил 1.000 евра на сметката на струмичанецот!

Да го пратиме Блаже на Тибет!

Пред сите нас се пружа уникатна историска шанса: можеме на Тибет да пратиме еден струмичанец а од таму да ни се врати Александар Македонски! Еве за што се работи: