Разно

За двојазичноста

Судејќи по нејзиното соопштение во врска со новиот закон за јазици, македонската влада очигледно нема идеја за билингвализмот и мултилингвалноста во други земји. Соопштението нуди листа на држави со (наводно) два или повеќе службени јазици во кои „единството на државата не е загрозено“. Но, тоа е далеку од вистината. Да поминеме низ тие случаи, еден по еден.

Македонски политичар, најискрено

Автор на новогодишната желба е фамозниот нео-хегелијанец Амди Бајрам кој накратко вика: „Сите да гласаме за промена на името бидејќи тоа е во интерес на сите нас, политичарите“. Амин.

За народот кој верува во ангели

Дел од една странска репортажа за СЈО, помпезно наречена „Македонските Чарлиеви ангели“, сосема прикладно на тогашната еуфорија околу „специјалците“. Чисто како показна вежба за тоа како времињата знаат да ја променат перцепцијата. Она што некогаш изгледало јако, бескомпромисно, алал вера, виде ли брат?, во светло на некои нови настани изгледа сосема поинаку. Јеби га децо, ничија свеќа не горела до зори.

Битола, поинаку?

„Кога ќе дојде родител со дете заболено од малигна неоплазма, на него да му ја дадете програмата, да видите тој што е ви каже за неа“, реагира битолскиот советник Иван Чулакоски (од независната група „Поинаку“) на програмата на градот против аерозагадувањето, која според него, иако напишана на цели 4 страници, содржи едно големо НИШТО.

За Македонија со љубов

Била во 40-тина земји во светов и објаснува зошто Македонија ѝ е во врвот на нај-најдобрите кои ги запознала. Предупредување: Кај организми ненавикнати на љубов кон Македонија можно е да се јави мачнина и гадење, потреба од тврдење дека субјектот е небањат или одбрана со неуништивото алиби „дој со мојава плата да те видам“. Пред употреба на клипот, консултирајте се со надлежен хејтер или демагог а после употреба голтнете противотров во вид на некоја Фејсбук кавга, околу нешто.

Скопје, ориз, социјален проблем!

Уште во една стара македонска тв серија била детектирана една од сериозните причини за урбаните и социјалните проблеми на главниот град.

Како не им е срам на Ципрас и на Каракачанов?

Значи и двајцата лажат- сушат. Ципрас своите граѓани ги убедува дека никогаш нема да признаат македонска нација и никогаш нема да нè нарекуваат Македонци туку евентуално Славомакедонци. А оној па Каракачанов, ги замајава наивните Бугари дека нема шанси да го признаат македонскиот јазик. Ќути што ние си го имаме Заев. Он е можда корумпиран (хехе), ама па никогаш не нè излажал (хехехе).

Кога ќе им кажеш дека....

.... дека е одвратно сето тоа.

Игор Дурловски: Ви простувам

А за разнебитувањето... Молете се идните генерации да ви простат.

Во слава на Горан Стефановски

Најдобриот и најзначајниот македонски драматург, Горан Стефановски, почина во Англија, на 66 годишна возраст. Греота, греота.

Конан за новото име на Македонија

Се разбира дека крајно небитна им е таа тема (штама во публика), ама во овие 20-тина секунди е собран целиот апсурд на „ферските“ солуции кои ни биле дадени на бирање. Да се нотира, ние сме за третиот предлог. Бидејќи ако тој предлог некако дојде и како официјален став на Запад, нема да стигнеме на ред од домашните шуги и скотови кои ќе се наредат да се одушевуваат од новото решение па да нè отекуваат како и Северна беше кочница.

Можеме ние уште подлабоко

Нив ги интересира само која сила ги поддржува во упорната желба да бидат на власт. Ништо повеќе од тоа. Утре, задутре ако Кина се наметне како главен фактор тие ќе најдат начин да му се упикаат на кинескиот амбасадор, а нивните идејно-политички комесари ќе почнат да пишуваат со знаковно писмо и да гнетат со стапчиња. Ние ќе дишеме смог од кинески фабрики и ќе јадеме најевтин кинески ориз.

Преубава. Прекрасна. Преспа.

Најтопло препорачуваме да го гледате и да го уживате овој махерски снимен и скоцкан видео портртет на фасцинантното балканско тромеѓе. Уште повеќе жал ќе ве фати што Преспа ја запечатија како нашето Ватерло и што уште долги години, кога таа ќе се спомне, наместо овие сцени, нам ќе ни се јавуваат ликовите на оние двајца капитуланти, како окезени на Грција ѝ го даваат во сопственост брендот Македонија, да си го имаат чист, без потреба од никакви географски одредници.

Принципот е ист, сè останато се нијанси

За утре да си бидете горди на Преспанскиот договор исто како што денес сте горди на феноменалната приватизација која во Македонија своевремено ја спроведоа горе-долу истите структури, да потсетиме од кога се влече истиот тој тип на лага: Нема вие што да мислите, ние знаеме што е ваша перспектива и иднина, вие треба само да бидете ЗА....  

Не можеш да се разбереш со тигар дур ти ја држи главата меѓу заби

Моментот кога на Черчил му викаат дека сите други опции се исцрпени и дека пред да бидат комплетни избришани, вистинско време е да се седне и преговара за да се издејствуваат најдобите можни услови (бидејќи секој нареден договор ќе биде полош, ви текнува?). А и Хитлер да ти бил разумен па немало да инсистира на сите барања.... Ех. Патем, филмот се вика „Најцрниот час“, ама тоа допрва некому ќе му светне.

Директ од „Лудиот Бајро“

Да беше за во Букбокс, наша Илина веројатно ќе исткаеше: „Документирајќи една дистописка реалност, авторот умешно вметнува познати референтни точки од поп културата со што дополнително се дестилира основната порака која во себе носи јасни елементи на социјална критика“. Ние па неаме толку нерви. Ние би рекле: Паљото.

Да не се лажеме

Тоа што тие го создаваат не е државна творба, туку племенска територија. Отаму државотворните принципи кај нив не важат. Нивната кула од песок не е создадена врз морални и цивилизациски вредности, туку врз најбанална на-ти-го-дај-ми-го проституција (засега ментална и духовна, но наскоро и физичка).

Кога се гледа бурлеската во живо

За ако некој некогаш случајно ме праша каде сум бил кога една држава се заебавала со својата суштина, да му одговорам дека во живо, таа бурлеска всушност е чиста трагедија.

Не е лесно да си Орданоски

Има една стара приказна од Сител која оди вака: Ѕинго еден ден доаѓа на работа во Собрание и по некое време сфаќа дека неговиве коалициони партнери некако ладни, го избегнуваат.

Смрт на крволочан фашизам. Слобода на народ!

Српска буржуазија је отишла а дошла је бугарска буржуазија, сас ново ропство. Отнаше ву њојни богатства! Отнаше ву жито, тутун, памук, ориз и све оној што је македонски народ створил сас свој крв и пот! Нека! На македонски груди родиле су се героји од геројско „Илинденско Востаније“. И с'га, па ќе се родив героји, они су родени, и тија-синови и ќерке на македонски народ ќе разбијев крваву ногу на разбојнички фашизам!