* Макис (Томе) Гатопулос, исто така Македонец од Грција, има срочено превод на песната на Илија (редактиран од Илина Букбокс, без оригиналната рима), а најдолу е видеото кое го има направено Томе.
Времето си лета и се ближи часот
да видиш како угоре станува удолница
десет години се качував среде ветришта и бури
пубертетот ми има звучна боја од Бреговиќ Горан.
Носат балкански носии, зборуваат друг јазик,
не знаат кај да одат и која татковина ја сакаат,
моето место се запусти затоа што фрлија напалм
предците - црни птици одеднаш исчезнаа
прогони и планини, соништата илузии
сè за слобода, откако другите победија
и им ја напишаа историјата.
Ова го разбирав уште во школо,
колку вреди идејата, крв излегува од черепи,
потоа дојде- како што кажаа - буржоаска демократија,
но тоа беше само бел тероризам,
ама тоа не ни го кажаа ни учителите ни книгите.
Како знаменосец не одев в црква, директорот ме бркаше,
што правиш бре Илија,
последен пат ме виде на црвен погреб
и додека јас имав одговорено пред дваесет години
сè уште го имаше истиот поглед и зачуденост
што, што, што правиш, бре Илија?
Времето си лета и се приближува тој час
да видиш како угоре станува удолница
десет години се качував среде ветришта и бури
пубертетот ми има звучна боја од Бреговиќ Горан.
Звучната боја, иако избледе, ме жигоса,
затоа што ја испеав пред стихот да свисне
во Мали Мади бомби паднаа од Запад
вашата историја и тоа сака да го премолчи
Ич не им било гајле што некои го доживеале тоа
воопшто не им текна, само мислеа дека просто ќе згасне,
ама оганот не е изгаснат и уште гори.
Знам некои патеки на кои ако одиш,
ќе отворат усти,
познавам воени херои кои не биле закопани в земја.
Затоа кога одам во Делово го навалувам шишето
и пуштам да се истури со затката наопаку
како во '47 во црквата во Микролимни (Л'нки или Л'нги)
резилите исчезнаа, ниеден не остана,
моето место ме научи историја,
со поука од Преспанските езера,
а за да дојдеш тука горе ти треба Драмамин
од езерата на душите
оддавам почит на споменот на партизаните
добро ме познаваат во источниот блок
уште имам роднини кои беа откорнати засекогаш
Унгарија, Полска, сите од Македонија
и сите прогонети од мајка Грција.