Во него Никола Карев експлицитно рекол дека е Македонец, дека е наследник на Александар Македонски и дека Комитетот во којшто учествувал т.е. Македонската Револуционерна Организација (внатрешната) не е бугарска.
— „Македонец ли си?“, го прашувам.
— Да.
— И следователно Грк?
— „За ова не знам“, ми одговори, „јас сум Македонец“.
— „Непосреден наследник на Александар Велики?“, му велам иронично.
— Да.
— И Александар Македонски што беше, ве молам?
— Не знам, но историјата вели дека бил Грк.
— Тогаш и ти, како негов наследник, си Грк.
— „Не“, ми одговори.
— „Тогаш“, го прашувам пак, „зошто кога веќе сте Грк сакате да се ослободите преку Бугарија?“
— Која Бугарија, мислиш на Комитетот?
— Да.
— Ти одговорам дека Комитетот не е бугарски и, второ, изгледа дека сме наклонети кон Бугарија затоа што само таа се покажува расположена да ни помогне. И Грција, ако го правеше истото, ќе ја прифатевме со целото наше срце.
— Бугарската заштита ја гледате само површно, Бугарија не сака да ве ослободи од турското ропство, туку да ве потчини.
— Хм! Ако Бугарија мисли да нè претвори во нејзина провинција, си направила лоша пресметка. Инаку, нас не нè интересира што мисли Бугарија, туку обрнуваме внимание само на следново: „Си ја постигнуваме ли целта?“ Си ја добиваме ли нашата слобода?
*целото интервју - овде
виа Гоце Панговски