Нашиот Том Џонс се вика Семи Џонс

Како што репрезентативен натпревар започнува со македонската химна, имаме песна со која во иднина треба да започнува секое славење роденден на син во дијаспората.

Семи Џонс Алушоски (Австралија) изгледа како да излегол од сцена на Сопранос. Корпулентен, том-џонски раскопчан и земунски накитен со благородни материјали. Однапред кратка коса но одзади задржано едно импресивно кашмиковидно опавче кое сведочи за некои разуздани времиња за кои не се зборува пред деца.

Согласно името на носителот, фризурата може да се нарече „семи долга, семи кратка“.

За славеничка атмосфера присутни се пар музичари и три егзотични танчерки: една во црвено, една „жаде голомеше“ која од непознати причини, чат-пат става сабја на глава и балансира со неа и една машала-машала, боје лила.

Единствен во спотот кој нема никаква функција е - претпоставуваме -  славеникот, тоест синот, кому му е малку незгодно, ама па и убаво.

Гоу Семи, гоу.

 

 

14 јуни 2021 - 10:07