"Ако можевме ние да доцниме на АВНОЈ, можат и тие малку да доцнат овде"
Лазар Колишевски
И ние во Македонија конечно ќе можеме заедно да ги видиме прославените првоборци на Ферал Трибјун, Борис Дежуловиќ и Предраг Луциќ и нивното ноу-нејм, фри стајл & сит даун кабаре со песни и вино.
Дежуловиќ и Луциќ досега тоа го правеа на многу нередовна база, на случајни локации на Балканот а ете ги следната недела конечно и кај нас.
Што прави овој двоец без кормилар на сцена? Главно, што им дојде на памет.
Последен пат ѝ се обратија на македонската јавност со ова:
Види чудо, следната недела ќе има и промоција на хартиеното првенче на Трендоленд, книгата "Бавчи", составена од најдобрите колумни на офф.нет од Отец Пимен, Јана, Бетмен Велит, Сандра, Дарко Лешоски, Емили, Адо, Тихо, Џака, Клео и Иво.
Се зборува дека следната недела во исто време во Скопје ќе се најде и Теофил Панчиќ.
Ќе биде тоа интересна недела, тоест четврток :)
Деталите следуваат....