------------------
Беше и забавно и поучно да се следи еуфоријата околу циклонот чие име секогаш ја поделувало овдешната јавност, дури и кога ќе се појави како метео феномен (Дечко, ти за Заев си или за циклонот?).
На појавата на клучниот збор "Бранко', електронските медиуми и нивните снабдувачи со гориво, социјалните мрежи, инстантно ги напуштија акутелните теми на денот (демолирањето на кафичот во Чаршија заради теророт на православните ноти на Леб и Сол и несреќата со навивачот на Вардар) и мераклиски го замезија овој неочекуван дар од природата.
Притоа, ова беше уникатна прилика кога и од обична метеоролошка вест човек може да ги сознае политичко-уредувачките афинитети на медиумот (Вечер пророчки напиша: Бранко ќе исчезне над Македонија!).
Со тек на време почна да се билда права хистерија дека нè очекува катаклизма па на интернет зафрчеа корисни совети како да преживееме: да ја исклучиме струјата на првиот громе мој, да не одиме понадвор освен ако ептен не ни се оди понадвор, по улица да не носиме ситни пари во џеб ниту пак да зеваме ако сме носители на оловна пломба, да се гушнеме со најблиските и да им признаеме дека некогаш нè нервираат.
Медиумите фрапантно детално ја завршија работата по што се доби впечаток дека не се тоа редакции од двајца-тројца туку цели батаљони репортери кои со најсофистицрaнa опрема (сателитски софтвери, дронови...) нè известуваат за развојот на состојбата од минута во минута. Така ни беа понудени следниве наслови:
Попладне останете дома: Иде Бранко
Бранко вечерва ја поплави Србија, ита накај Македонија!
Или пак симпатични да-не-згрешиме-некому насловни компилации:
Бегајте дома, иде Бранко! – сега навистина Бранко ќе биде крив – така го крстиле циклонот.
Досега веројатно доволно ве утупевме со текст па можете да се соочите со најавениот фото доказ за досегашните разурнувачки ефекти на циклонот без да ви ги покриваме "вознемирувачките' моменти:
Во секој случај, Бранко или помина или допрва ќе доаѓа :)